Селекторот на Француската ракометна репрезентација Гијом Жил ја анализира играта на македонската ракометна репрезентација на СП.
„Се согласувам дека од почетокот на овој турнир Македонија игра многу добро. Агресивни се во одбрана и во напад се многу солидни. Очекувам тежок натпревар в сабота, ќе ни биде последен натпревар неделава. Ќе биде голема битка за секоја топка“, рече францускиот селектор Гијом Жил.