Нов фудбалер на „росонерите“ е Кајл Вокер кој доаѓа на позајмица од редовите на Манчестер Сити.
Милан се договори со „граѓаните“ за позајмица, но и право на откуп за околу пет милиони евра. Вокер веќе пристигна и стави потпис на договор со италијанскиот клуб.
Ако Милан реши да го откупи, договорот на десниот бек ќе важи до 2027 година, а се најавува дека ќе заработува меѓу четири и пет милиони евра.