Занимливости за првпат по 10 години

Поскапуваат дозволите за искачување на Монт Еверест

Поскапуваат дозволите за искачување на Монт Еверест

Непалските власти објавија дека дозволата за искачување на Еверест наскоро ќе поскапи, за првпат по десет години.

Почнувајќи од септември, сите заинтересирани да се искачат ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за време на сезоната на искачување, што претставува зголемување на цената за 36 отсто.

Инаку, дозволата за искачување на Еверест чини 11.000 долари околу 10 години.

Дозволите за планинарите кои се упатуваат кон врвот надвор од сезоната на искачување, која трае од април до септември, исто така ќе поскапат за 36 отсто, што ќе чини 7.500 долари од септември до ноември и 3.750 долари за искачувања од декември до февруари.

To top