Кошарка

Поранешен играч на Работнички е нов тренер на Цибона

Поранешен играч на Работнички е нов тренер на Цибона

Кошаркарскиот клуб Цибона од Загреб се раздели со тренерот Јакша Вулиќ, а за негов наследник го наименува помошникот Бариша Красиќ.

Красиќ е поранешен играч на голем број клубови, меѓу кои и Цибона и Работнички. За центарци играше во 2014 година.

Цибосите имаат 3-7 по десет кола во АБА-лигата, а дебито на Красиќ на клупата ќе биде против Сплит.

To top