Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега откри за кој тим сака да игра.
Интерес за Кварацхелија покажуваат клубовите од Премиер лигата, но тој отворено флертува со Реал Мадрид.
„Реал Мадрид ми беше омилен тим во детството. Сега сум 100% фокусиран на Наполи. Ќе дадам се од себе да му помогнам на клубот. Не ни размислувам за мојата иднина. Се што мислам е за Наполи“, вели Кварацхелија.