Бразилскиот фудбалер Ентони е на прагот да го напушти Манчестер Јунајтед и да се приклучи на шпанскиот тим Бетис.
Според англиски извори, Ентони ќе оди во Бетис на позајмица до крајот на сезоната, без обврска за шпанскиот клуб да го откупи неговиот договор.
Ентони е отворен за преминување во Шпанија, а Манчестер Јунајтед е подготвен да покрие дел од неговите плати за време на позајмицата.