Фудбал

Страхиња Павловиќ нема да остане наредната година во Милан

Страхиња Павловиќ нема да остане наредната година во Милан

Српскиот фудбалер Страхиња Павловиќ во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Милан и да се пресели во Фенербахче.

Српскиот фудбалер добро почна во Милан, но по неколку кикса го загуби местото во стартниот тим.

Засега не успева да се врати во тимот, а Милан ја разгледува можноста да го прати на позајмица или да го продаде со цел да ослободи место за играч надвор од Европската Унија.

Интерес за Павловиќ покажал Фенербахче и преговорите веќе се почнати. Наводно двата клуба се блиску до договор.

 

To top