Ракомет

Најдобриот ракометар на Португалија падна на допинг тест на СП

Најдобриот ракометар на Португалија падна на допинг тест на СП

Ракометната репрезентација на Португалија на самиот старт на Светското првенство ја погоди голем скандал, најдобриот ракометар на оваа селекција, Мигел Мартинс бил позитивен на допинг тест.

Мартинс бил позитивен на првиот примерок, а веднаш потоа побарал да му биде направен и втор тест.

„Вистински шок за нас, тешко е да поверуваме во ова што ни го кажуваат. Зборувавме веднаш во контакт со Мигел, кој е исто така збунет и во неверување. Тврди дека не сторил ништо надвор од прописите и ние комплетно стоиме зад него. Веднаш побарал Б тест и се надеваме дека ќе ја решиме ситуацијата“, соопштија од ракометниот  национален шампионат на оваа земја.

 

To top