Фенербахче ја совлада Црвена ѕвезда во Белград со 96:91 во 21. коло од Евролигата, во меч во кој гостите постојано беа во водство од втората четвртина до крајот. Најџел Хејс-Дејвис одигра одличен натпревар за Фенербахче постигнувајќи 27 поени. Кај Црвена ѕвезда најдобар играч беше Коди Милер-Мекинтајр со 23 поени.
Кошаркарите на Барселона успешно ја завршија домашната работа, совладувајќи го Атински Панатинаикос со 82:73. Барселона одлично се снајде во третата четвртина која ја доби со 29:12. Потоа го сврте резултатот и го задржа водството до крајот.
За Панатинаикос незапирлив беше Џабари Паркер кој го заврши натпреварот со 25 поени и осум скока. Дарио Бризуела додаде 15 поени со четири асистенции за Барселона. Најдобар поединец за гостите беше Џериан Грант со 18 поени.
Во тензична завршница Баерн во Минхен го совлада Монако со 95-94. Карсен Едвардс постигна 25 поени за Баерн, додека Мајк Џејмс постигна 20 со шест асистенции.
Жалгирис пред своите гледачи го победи Виртус од Болоња со 77:68. Кај домашните најдобар играч беше Силвен Франциско со 20 поени и четири асистенции, додека Едгарас Уљановас додаде 16 поени. За италијанскиот тим Исаја Кординие постигна 18 поени, додека хрватскиот центар Анте Жижиќ не влезе во игра.
Олимпијакос е на врвот на табелата со скор 15-6. Фенербахче има 13-7, а исто толку победи и порази имаат Панатинаикос и Монако. Баерн, Барселона и Црвена ѕвезда имаат сооднос 12-9.