Свет

Расте профитот на банкарските групи Wells Fargo и JPMorgan Chase

Американската банкарска групација Велс Фарго денеска извести за пораст на профитот во четвртиот квартал од 2024 година, поттикнат од инвестициското банкарство.

Расте профитот на банкарските групи Wells Fargo и JPMorgan Chase

Американската банкарска групација Велс Фарго денеска извести за пораст на профитот во четвртиот квартал од 2024 година, поттикнат од инвестициското банкарство.

Нето каматниот приход на четвртиот најголем американски заемодавател, што ја претставува разликата помеѓу расходите за камати кои банките ги плаќаат на штедачите и каматите што ги добиваат, се зголеми на 5,08 милијарди долари, или 1,43 долари по акција, објави банката денеска, во споредба со 3,45 милијарди долари или 86 центи по акција, на годишно ниво (2023).

Во меѓувреме, профитот на JPMorgan Chase исто така се зголеми откако трговците и банкарите на групацијата пријавија неочекувани добивки од закрепнувањето на пазарот во четвртиот квартал. Добивката беше 14 милијарди долари или 4,81 долари по акција за кварталот што заврши на 31 декември, соопшти денеска најголемата американска банка, во споредба со 9,3 милијарди долари или 3,04 долари по акција една година порано.

Добивката беше поддржана од силната економија и намалувањето на каматните стапки што ја поттикна продажбата на акции и понудите на обврзници.

Напредното опкружување, исто така, предизвика повеќе спојувања и превземања по години слаба активност.

Приходите од инвестициското банкарство на JPMorgan Chase се зголемија за 46 отсто на 2,6 милијарди долари.

To top