Ракомет

РФМ се прости од Јовиќ: Човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот

РФМ се прости од Јовиќ: Човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот

Ракометната федерација на Македонија се прости од поранешниот македонски репрезентативец и тренер, Александар Јовиќ кој почина ненадејно ноќеска.

-Почина Александар Јовиќ – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Јовиќ, стои во објавата на РФМ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет.

Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

To top