Ракомет

Се огласија од „Тинекс Пролет“: Во шок сме, Јовиќ неколку часа пред смртта ги водеше тренинзите на екипата

Се огласија од „Тинекс Пролет“: Во шок сме, Јовиќ неколку часа пред смртта ги водеше тренинзите на екипата

Македонската ракометна јавноста утринава е во шок по информацијата дека починал поранешниот репрезентативец и актуелен тренер Александар Јовиќ.

Од Тинекс Пролет, каде Јовиќ работеше како тренер се во шок и неверување.

-Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа. Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.

Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Името на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот, велат од РК „Тинек Пролет“.

To top