Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави денеска дека на Хамас е да го финализира примирјето во Газа, нагласувајќи дека конечниот предлог е на маса на разговорите во Катар.
„Топката сега е кај Хамас. Доколку Хамас прифати – договорот е подготвен да се склучи и спроведе“, рече Блинкен во Вашингтон, говорејќи во тинк-тенкот на Атлантскиот совет.