Македонија

Божиновска-Лудва: Договорени две иницијативи за одржување заедничка седница на министрите од двете земи и директна авионска линија Скопје -Прага

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, придружуван од раководителот на економско-конзуларниот оддел, Кветослав Сулек.

Божиновска-Лудва: Договорени две иницијативи за одржување заедничка седница на министрите од двете земи и директна авионска линија Скопје -Прага

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, придружуван од раководителот на економско-конзуларниот оддел, Кветослав Сулек.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија дека на средбата освен што се разговарало за можностите за проширување на соработката во областа на енергетиката, биле договорени и конкретни активности за реализација на две иницијативи на министерката Божиновска и тоа за одржување заедничка седница на министри од двете земји од повеќе ресори, со цел за унапредување на билатералните односи, како и иницијативата за воведување директна линија Скопје – Прага.

– Министерката Божиновска и амбасадорот Лудва, ќе се заложат на седницата да се потпишат и меморандуми за соработка во повеќе области и да разгледаат и конкретни активности за продлабочување на економските и енергетските односи. Дополнително, се предлага во делегацијата да се вклучени и претставници на македонската бизнис-заедница со цел воспоставување партнерства со чешките компании, се наведува во соопштението.

Министерката Божиновска на средбата ја истакнала важноста на директната поврзаност меѓу двете земји и најавила дека е задоволна што нејзината инцијатива за директна авионска линија со Прага, добила силна поддршка од амбасадорот кој се заложил за нејзина реализација.

– Посебно ме радува што амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Лудва ја поддржа мојата иницијатива за директна авионска линија Скопје – Прага. Со заедничка заложба успеавме оваа идеја да е на пат да се реализира и во месеците што следат ќе биде воспоставена редовна авионска линија, која ќе придонесе за олеснување на соработката во трговијата, бизнисот и културната размена. Со тоа поставуваме нови темели за партнерства и инвестиции, изјавила Божиновска.

Божиновска и Лудва информирале дека освен директната авионска линија Скопје-Прага се разгледува и можноста за воведување и на сезонска линија Прага – Охрид, со цел стимулирање на туристичките врски и промоција на Охрид како дестинација од интерес за чешките туристи.

Оваа средба, се додава во соопштението, претставува значаен чекор напред во градењето на силни билатерални односи и отворање нови перспективи за соработка меѓу Чешка и Македонија, што е од интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

To top