Кошаркарите на МЗТ Скопје му одржаа лекција на Пелистер (82:62) во дерби средбата од 13. коло во Првата лига.
Бранителот на трофејот покажа далеку повеќе на средбата во СЦ „Јане Сандански“, го разби противникот и со тоа му се одмазди за тесниот пораз на првиот меч одигран во Битола
„Металците“ ја добија првата четвртина со 20:7, втората со 19:17 и со убава предност од 39:24 заминаа на пауза. Пелистер подобро се снајде во вториот период (20:23), ама домаќините одново одговорија во завршните десет минути и забележаа конечно славје од 20 разлика.
Ова за клубот од Аеродром беше десетта победа во сезоната, најефикасен беше Едвин со 18 поени, Маслинко додаде 15, а Магдевски имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока. Кај поразените Стајиќ и Антоан реализираа по 14 кошеви.