Македонскиот фудбалар, Даниел Аврамовски бележи одлични настапи во својот клуб Булуспор и продолжува да ги тресе мрежите на противниците.
Имено, македонскиот голгетер денеска со два погодоци му донесе големи три бода на својот тим во победата против Аданаспор.
Резултатот во 39-тата миниута од превото полувреме од белата точка го отвори Џеферсон, а само по 4 минути игра, односно во 43тата минута од натпреварот Аврамовски зголеми на 2:0.
Гостите на 2:1 намалија во 68-та минута, а Аврамовски за конечни 3:1 постигна гол за својата екипа во 73тата минута од второто полувреме.
Аврамовски има одлична сезона во дресот на Булуспор, а поради неговите блескави настапи и големиот бој на постигнати голови, интерес за покажуваат други поголеми клубови.
Информациите од терен говорат дека Аврамовски наскоро може да ја промени средината и да замине во друг клуб во Турција.
Булуспор моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата од Турската лига 1 со 28 бодови.