Свет „меѓународен заговор“

Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор по повод инаугурацијата на Мадуро

Мадуро денеска третпат ќе положи заклетва, за нов шестгодишен мандат.

Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор по повод инаугурацијата на Мадуро

Венецуела, неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро, денеска ја затвори границата со Колумбија поради „меѓународен заговор“.

– Има информација за меѓународен заговор со цел да се наруши мирот на Венецуелците, поради што Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, изјави гувернерот на венецуелската погранична област Тахира, Фреди Бернал.

Тој додаде дека границата ќе биде затворена три дена, до понеделник.

Мадуро денеска третпат ќе положи заклетва, за нов шестгодишен мандат.

За опозицијата победник на изборите, со повеќе од 67 отсто освоени гласови, е опозицискиот лидер Гонзалез Урутиа. Тој и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо ги повикаа граѓаните да протестираат пред инаугурацијата на Мадуро.

САД, Европска Унија и голем број земји од Јужна Америка исто така не ја признаваат изборната победа на Мадуро.

To top