Куќата вредна 26 милиони долари, купена во 2010 година од Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, се најде на патот на природната катастрофа што го погоди Лос Анџелес и неговите луксузни населби.
Големиот шумски пожар што избувна во Калифорнија однесе не само домови, туку и многу животи во последните три дена. Имено, меѓу познатите кои исто така беа евакуирани поради опасност од пожар кој многу брзо се ширеше, беше и Том Хенкс, чиј дом има одлична локација и поглед на целиот град. Меѓутоа, сето тоа можело да биде уништено од пламените јазици.
Сепак, најновите фотографии покажуваат неверојатни сцени – пожарот запрел и изгаснал токму пред оградата на домот на познатиот актер. Додека сè е во урнатини и пепел, неговата палата стои цврсто.
Backgrid got ahold of footage of Tom Hanks’ & Stephen Spielberg’s homes remaining without even a speck of ash on them, while neighbors above were incinerated.
Screenshot: Backgrid video pic.twitter.com/6nIbNlIyoV— Theresa Longo Fans (@BarkJack_) January 9, 2025
Синот на Том и Рита, Чет Хенкс, на Инстаграм проговори за разорниот пожар во Палисадес, велејќи:
-Населбата во која пораснав гори до темел. Молете се за Палисадес.
Додека Том и Рита, и двајцата 68, го купија својот сегашен имот, тие претходно поседуваа замок во шпански стил – изграден во 1929 година – во Пацифик Палисадес. Парот го купил имотот како младенци и го продал во 2014 година за 5 милиони долари, пишува Лос Анџелес Тајмс.