Свет

Украина се обидува да ги затвори илегалните рути за избегнување на мобилизација

Илјадници Украинци илегално бегаат во Европа, понекогаш користејќи шверцерски рути, за да ја избегнат мобилизацијата.

Украина се обидува да ги затвори илегалните рути за избегнување на мобилизација

Украинската полиција денеска соопшти дека спроведува стотици рации ширум земјата за да ги затвори рутите што ги користат воените обврзници за да избегнат мобилизација.

Илјадници Украинци илегално бегаат во Европа, понекогаш користејќи шверцерски рути, за да ја избегнат мобилизацијата.

Повеќе од 600 истовремени претреси се вршат од страна на оперативците на СБУ (Безбедносната служба на Украина) и истражителите на националната полиција. Ова е само прва фаза од специјалната операција за блокирање на каналите преку кои мажите бегаат во странство, се наведува во соопштението на полицијата.

Операцијата првенствено е насочена кон организаторите кои илегално ги префрлаат Украинците преку граница.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top