Тренерот на ЛА Лејкерс, Џеј Џеј Редик го загуби својот дом во градот поради страшните пожари.
Шумски пожар во луксузниот кварт на Лос Анџелес, Пацифик Палисадес, го уништи домот на главниот тренер на Лејкерс.
Претходно беше објавено дека утрото на 7 јануари избувнал пожар во областа каде што живее Редик и неговото семејство. Пожарот брзо се проширил поради силниот ветер. Меѓу евакуираните беше и семејството на Редик.