Свет Индиски медиуми

Најмалку шестмина загинати и десетици повредени верници во метеж во јужна Индија

Смртоносни метежи се релативно чести на верските фестивали во Индија, каде што голем број луѓе се собираат во мали области со лоша инфраструктура и несоодветни безбедносни мерки.

Најмалку шестмина загинати и десетици повредени верници во метеж во јужна Индија

Најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени денеска во јужна Индија откако се создаде метеж на стотици верници на влез во храм, јавија индиските медиуми.

Управникот на храмот Наиду Наиду рекол дека метежот настанал кога полицијата ги отворила портите на храмот за верниците кои дошле по повод десетдневен фестивал.

Смртоносни метежи се релативно чести на верските фестивали во Индија, каде што голем број луѓе се собираат во мали области со лоша инфраструктура и несоодветни безбедносни мерки.

Во јули 2024 година, најмалку 116 луѓе, главно жени и деца, загинаа кога илјадници луѓе на верски собир во северна Индија се стрчаа во шатор. (МИА)

To top