Свет Украина

Зеленски: Не треба да се брза со заклучоци за американската политика

Според него, една од причините за војната е тоа што Украина не е членка на НАТО и нема конкретни безбедносни гаранции. 

Зеленски: Не треба да се брза со заклучоци за американската политика

Коментирајќи ја изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека евентуалното членство на Украина во НАТО отсекогаш била голема грижа на Русија, претседателот на Украина Володимир Зеленски истакна дека не треба да се брза со заклучоците за американската политика.

– Се сеќавате, на Украина ѝ беше кажано дека системи Патриот можат и постојат само во земјите на НАТО? Или вие и јас сме долго време во НАТО или не треба да избрзуваме со заклучоци. Тоа го имавме со Патриот и со ракетните системи, и со други оружја на НАТО. Неопходно е да се работи и да се направи се за Украина да добие пристојни безбедносни гаранции достојни за нашиот народ, што би можеле да го запрат Путин. Ќе работиме на тоа, рече Зеленски на состанокот со министерката за надворешни работи на Финска Елина Валтонен.

Според него, една од причините за војната е тоа што Украина не е членка на НАТО и нема конкретни безбедносни гаранции. (МИА)

To top