Нашата машка младинска ракометна селекција во вториот пријателски меч, успеа да слави против Турција со 27:23. Да потсетиме дека вчера ја победивме соодветната селекција на таа земја со 34:19.
На вториот меч избраниците на селекторот Раде Стојановиќ го искажаа сиот свој квалитет, на полувремето имаа водство од 12:10.
Инаку и на овој меч Стојановиќ комбинираше со составот, давајќи и, минутажа на сите свои расположиви ракометари.