Свет обвинение

Шефот на OpenAI обвинет од неговата сестра за силување, тој негира се

Ен Алтман, сестрата на извршниот директор на OpenA, Сем Алтман, поднесе тужба против нејзиниот брат тврдејќи дека тој редовно сексуално ја злоставувал помеѓу 1997 и 2006 година.

Шефот на OpenAI обвинет од неговата сестра за силување, тој негира се

Ен Алтман, сестрата на извршниот директор на OpenA, Сем Алтман, поднесе тужба против нејзиниот брат тврдејќи дека тој редовно сексуално ја злоставувал помеѓу 1997 и 2006 година.

Во тужбата, која беше поднесена на 6 јануари во Окружниот суд за источниот округ Мисури, Ен тврди дека злоупотребата започнала кога имала три години, а нејзиниот брат 12, пишува Би-Би-Си.

Во изјавата за платформата X, Алтман, заедно со неговата мајка и двајцата браќа, ги негираат обвинувањата, велејќи дека „сите наводи се целосно невистинити“.

„Грижата за член на семејството кој се соочува со ментални предизвици е исклучително тешка“, се додава во соопштението.

„Оваа ситуација предизвикува огромна болка кај целото наше семејство.

Во поднесокот, кој го виде Би-Би-Си, Ен Алтман тврди дека злоупотребата, која траела многу години, вклучувала и силување.

Во тужбата се додава дека последниот случај на наводна злоупотреба се случил кога г-дин Алтман бил полнолетен, но таа сè уште била малолетна.

Тужбата бара судење пред порота и отштета поголема од 75.000 американски долари.

Ен Алтман претходно упати слични обвинувања против нејзиниот брат на платформите на социјалните медиуми како платформата Х.

Сем Алтман е една од најистакнатите личности во светот на технологијата. Стана глобално познат на крајот на 2022 година кога OpenAI го лансираше ChatGPT, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција.

To top