Во духот на новогодишни и божиќни празници, „Астра казино“ деновиве се вклучи во хуманитарната активност „Волшебна елка на желби“ која се реализира на иницијатива на Црвениот крст.
Во рамки на акцијата се организираше предновогодишен настан за децата без родителска грижа, сместени во загрижувачки семејства.
„Огромно е задоволството да се видат насмевките на децата кои беа дел од овој преубав настан. Нашата компанија обезбеди 120 новогодишни подароци за децата од загрижувачките семејства и благодарни сме за можност да бидеме дел од овој хуманитарен настан. Посакуваме сите деца да ги минат празниците со многу подароци, насмевки и сите ние да бидеме во добро здравје“, вели Бојан Коцевски, управител на „Астра Казино“.
Претходно „Астра Казино“ донираше новогодишни пакетчиња и за 50 деца од социјално ранливите семејства во Скопје, Тетово и Куманово во соработка со Здружението на граѓаните „Линк“. Компанијата и во 2025 година ќе продолжи со поддршка на хуманитарни активности во рамки на својата програма за корпоративно општествено одговорност.