По двојната победа во финска Рука, сега Австриецот Штефан Крафт успеа двапати да триумфира и во норвешки Лилехамер.
По убедливата победа на малата скокалница, не беше помалку успешен и на големата. Со скокови од 134 и 141,5 метри на крајот имаше шест бодови повеќе од второпласираниот Андреас Велингер и седум од бронзениот Јан Херл, додека оние кои останаа без подиум беа со двоцифрена разлика.
Ова е само четврти пат некој да ја започне скокачката сезона со четири последователни победи. Андреас Фелдер го направи тоа во 1984/85 година, потоа легендарниот Јани Ахонен во сезоната 2004/05, а сега Крафт го брка рекордот поставен од Томас Моргенштерн во 2007/08 година.
Тоа ќе има можност да го направи следниот викенд кога ќе има два скока во германскиот Клигентал.