Британската полиција уапси маж откако синоќа, 45 минути по полноќ, со автомобил удри во пешаци во лондонскиот кварт „Вест енд“.
Во инцидентот повредени се четворица пешаци, кои се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка здравствена состојба.
Возачот (31) е приведен под обвинение за обид за убиство.
Полицијата посочи дека станува збор за изолиран инцидент, што не е поврзан со тероризам.