Талентираниот чувар на мрежата Иван Галевски се најде во конечниот список за Светското ракометно првенство во друштво на Митревски и Кизиќ.
Ова ќе биде огромен предизвик за младиот голман на Алкалоид, но секако и добра ракометна школа со оглед на тоа што ќе биде дел од еден ракометен мундијал.
– Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум.Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство, – гласи изјавата на Галевски од Стара Пазова.
Македонија се најде во групата во која сите натпревари ќе бидат одиграни во Вараждин, а наши противници ќе бидат селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.