Легендарниот фудбалски тренер, Жозе Мурињо беше опериран, а неговиот клуб Фенербахче ја објави здравствената состојба на Португалецот.
Мурињо беше опериран на жолчното кесе. Навивачите на Фенербахче беа загрижени бидејќи не беа откриени многу детали во врска со здравствената состојба на легендарниот тренер. Се уште не е познато кога Мурињо би можел да се врати.
Во меѓувреме се огласи и Фенербахче:
„Нашиот тренер Жозе Мурињо успешно беше опериран на жолчното кесе во неговата родна земја Португалија. На нашиот тренер кој е во многу добро здравје му посакуваме брзо закрепнување“ , напишаа од клубот.