Македонија МЗ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство.

Пациентката, како што се наведува во соопштението, е со уреден постоперативен тек, а трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Од Министерството за здравство изразуваат благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите. 

Најнови вести од Македонија

To top