Скопје ЈП Водовод и канализација – Скопје

Вонреден мониторинг по прекинот: Каква вода пијат скопјани?

На ден 22.12.2024 година (недела) изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности на претпријатието. Мониторингот опфати 9 (девет) критични точки: нас.Автокоманда, нас.Сингелиќ, нас.Маџари, нас.Ново Лисиче, Центар, нас.Драчево, нас.Пржино, нас.Ѓорче Петров и нас.Карпош 3 од каде беа земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

-Ве известуваме дека Секторот Санитарна контрола во периодот од 16.12.2024 до 22.12.2024 зема 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

На ден 22.12.2024 година (недела) изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности на претпријатието. Мониторингот опфати 9 (девет) критични точки: нас.Автокоманда, нас.Сингелиќ, нас.Маџари, нас.Ново Лисиче, Центар, нас.Драчево, нас.Пржино, нас.Ѓорче Петров и нас.Карпош 3 од каде беа земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

To top