Кошарка

Парично казнет тренерот на Бостон

Парично казнет тренерот на Бостон

Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула е казнет со парична санкција поради агресивно однесување кон судијата Џастин Ван Дијн.

На претходниот меч против Чикаго пред неколку денови шампионот Бостон загуби дома (108-117), а тренерот Мазула беше незадоволен од арбитражата.

Тој во финишот на средбата доби и техничка грешка откако со непримерен речник му се обрати на суддијата.

Освен Мазула со техничка грешка беше казнет и Џејлен Браун бидејќи застана во одбрана на тренерот.

Изминатата ноќ Бостон „се одмазди“ бидејќи ги декласира Булси среде Чикаго со 98-123.

To top