Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ заминува од редовите на турскиот гигант Фенербахче.
Фенербахче објави дека го раскинува договорот до 224 сантиметри високиот Србин кој по речиси една деценија помината во НБА лигата се врати назад во Европа изминатото лето потпишувајќи едногодишен договор во кој Турците.
Сепак во неговиот договор постоеше опција и да биде раскинат порано, а денес тоа и се случи
Марјановиќ не ги исполни очекувањата, имаше скромен учинок и скромна минутажа што даде дознаење дека на 36-годишна возраст повеќе не е во форма за настап во најелитниот европски кошаркарски шампионат.