Свет Европол

Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра

Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од над 1,7 милиони евра.

Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра

Во операција на Европол против шверцување на кеш во земјите-членки на ЕУ откриени и запленети се 2,7 милиони евра во кеш.

Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од над 1,7 милиони евра.

Операцијата беше предводена од француската царина во соработка до Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), а учествуваа и властите во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

To top