Познати Во 2013-та година

ВЕЧЕН ДА МУ Е СПОМЕНОТ: Пред 11 години почина Ацо Конга

Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

ВЕЧЕН ДА МУ Е СПОМЕНОТ: Пред 11 години почина Ацо Конга

На денешен ден во 2013-та година почина музичарoт Ацо Богдановски, познат како Ацо Конга.

Роден е во 1960-та година во Скопје. Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнал да удира на конги. Бил дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албумa „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“…

Во 2013 години Конга доби карцином на коските и му беше ампутирана раката.

Неговите колеги одржуваа концерти и настани преку кои собирале пари за негово понатамошно лекување. Но тој не успева во таа битка и на 23-ти декември 2013 починал во Скопје.

Беше женет и татко на две деца.

To top