Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.
Традиционално и овојпат украсената елка блесна во езерските води кај Музејот на коските, каде ќе можат да ја видат сите гости што ќе го посетат Музејот за новогодишните и Божиќните празници.
Како и секоја и оваа новогодишна елка нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари.