Македонија МВР

Работна средба на државниот секретар Петрушевски со претставници Македонскиот полициски синдикат

На средбата, од страна на државниот секретар беше потенцирано дека МПС има значајна улога во застапувањето на интересите на вработените во МВР, а МВР останува целосно посветено на унапредувањето на соработката со синдикатите за реализација на заедничките цели.

Работна средба на државниот секретар Петрушевски со претставници Македонскиот полициски синдикат

Државниот секретар Сашо Петрушевски, денеска оствари средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат, на која разговараа за клучните прашања поврзани со подобрувањето на правата, условите за работа и стандардот на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

На средбата, од страна на државниот секретар беше потенцирано дека МПС има значајна улога во застапувањето на интересите на вработените во МВР, а МВР останува целосно посветено на унапредувањето на соработката со синдикатите за реализација на заедничките цели.

На состанокот беше заклучено дека МВР во соработка со МПС и другите синдикални организации ќе продолжи да работи на изнаоѓање на соодветни законски решенија, се со цел овозможување поголема заштита на правата, дополнителна мотивација и подобрување на работните услови за сите вработени во полицијата.

Најнови вести од Македонија

To top