Свет усвои закон

Бразил забранува употреба на мобилни телефони во училиштата

Во исклучителни случаи, законот дозволува користење на електронски уреди за образовни цели.

Бразил забранува употреба на мобилни телефони во училиштата

На бразилските ученици наскоро нема да им биде дозволено да ги користат своите мобилни телефони на училиште, откако Конгресот синоќа усвои закон со цел да се подигне свеста кај младите за штетното влијание на екраните.

Пратениците, родителите и левичарската влада на претседателот Луис Инасио Лула да Силва водат кампања за ограничување на употребата на мобилни телефони во основните и средните училишта. Повеќе од половина од бразилските деца на возраст од 10 до 13 години поседуваат мобилен телефон. Кај тинејџерите на возраст од 14 до 17 години таа цифра достигнува 87,6 отсто.

Законот, што ќе важи за ученици на возраст од 4 до 17 години, беше одобрен од Сенатот и сега треба да биде потпишан од претседателот Лула пред да стапи на сила. Според неговиот текст, со цел „да се зачува менталното, физичкото и психичкото здравје на децата и адолесцентите“, мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата. Ова ќе важи и во училницата и за време на паузите.

Во исклучителни случаи, законот дозволува користење на електронски уреди за образовни цели.

Бразилскиот министер за образование Камило Сантана исто така се изјасни за поддршка на ограничувањето на употребата на мобилни уреди во училиштата.

-Експериментите ширум светот покажуваат дека нивната употреба во училниците предизвикува невнимание, рече Сантана во ноември. Мобилните телефони ставија крај на социјализацијата на луѓето. „Мора да има ограничување“, додаде тој.

To top