Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејство“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.
-Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника затоа што јавноста била целосно ангажирана во барањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Сѐ уште ги немаме прибрано сите информации и за нас е малку нејасно, кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот, рече Бубевски.
Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.