Анадолу Ефес и Олимпијакос издвојуваа победи над Црвена Звезда и Виртус Болоња во последните два натпреваври од 16. коло во Евролигата.
Звезда одигра две различни полувремиња во Истанбул, а тоа на крајот и донесе пораз од 89:67. „Црвено-белите“ имаа моќен страт и прва добиена четвртина со 25:14, но потоа домаќиноот беше во прв план со тоа што најизразено беше во завршниот период кој заврши со резултат 30:10.
Брајант и Отуру со по 17 поени беа најдобри стрелци, Петрушев имаше 15 кај поразените.
Олимпијакос пак пред своите гледачи го потврди статусот на фаворит против Виртус Болоња и триумфираше со 87:77. Во прв план беа НБА засилувањата Везенков и Фурние со 27 и 20 кошеви.
Ова за грчкиот тим беше 10 славје и е дел од екипите кои се наоѓаат од третата до шестата позиција со учинок 10-6.