На 17.12.2024 околу 19.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Бранко Богдански Гуцман“, ул.„Драган Стопаревиќ“ и ул.„Вараждинска“, патничко возило „тојота корола“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Куманово, удрило во Д.П.(75) од Куманово, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П. констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.