Култура Театар за деца и младинци - Скопје

Премиера на куклената претстава „Музиката на мојата птица“

Во претставата играат Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски и Владимир Лазовски.

Премиера на куклената претстава „Музиката на мојата птица“

Театарот за деца и младинци – Скопје вечер од 19 часот премиерно ќе ја изведе куклената претстава „Музиката на мојата птица“ по мотиви од романот на Ана Анисимова, во режија на Емилија Мрдаковиќ од Србија.

Драматургот и авторка на преводот Драгана Лукан Николоски наведува дека се работи за адаптација на прозно дело која нема класична драматуршка структура, „специфично театарско дело кое си игра со својот израз меѓу класична куклена претстава и играна претстава“.

-Низ овој нестандарден формат, претставата сака да ни ја покаже разликата во обликот на она што е вистинско и она како едно слепо девојче го гледа светот и облиците во него низ својата тактилна призма… Ова е претстава која сака да им покаже на децата, а и на возрасните, дека секој може да биде среќен со она што природата му го дала, бидејќи и она кое општеството го доживува како хендикеп, може да биде предност доколку детето расте со многу љубов и разбирање од средната во која се наоѓа. Ова е претстава која е топла и емотивна приказна за еден скриен агол од светот во кој среќно функционира едно семејство кое се спротивставува на стереотипите и ги надминува пречките со многу топли чувства и емпатија, посочува Лукан Николоски.

Во претставата играат Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски и Владимир Лазовски. Идејното решение за сценографијата, куклите и костимите е на Адриана Добрева, композитор е Алексеј Мрдаковиќ.

To top