Свет

Директорот на ЦИА ќе се сретне со катарскиот премиер за да помогне во премостувањето на разликите меѓу Израел и Хамас

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, се очекува денеска да се сретне со катарскиот премиер Шеик Мохамед Абдулрахман ал-Тани во Доха, во обид да помогне да се надминат разликите меѓу Израел и палестинската групација Хамас, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.

Двајцата ќе разговараат за напредокот кон прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците, додаде изворот.

ЦИА одби да го коментира состанокот.

Целта на разговорите во главниот град на Катар е да се надминат разликите меѓу Израел и Хамас околу предлогот на американскиот претседател Џо Бајден на 31 мај годинава.

To top