Кошарка

Партизан и Париз поразени во Евролигата

Партизан и Париз поразени во Евролигата

Сријата од пет победи на Партизан во Евролигата неочекувано беше прекината вечерва, на домашниот дуел против Асвел на кој белградските „црно-бели“ важеа за огромни фаворити.

Сепак, гостите од Франција предводени од искусниот Нандо де Коло одиграа импресивно во второто полувреме, на крајот триумфирајќи со 79-82.

Вашингтон постигна 14 поени во втората четвртина и го донесе Партизан во водство, но Асвел одговори со шутерско шоу и дури осум погодени тројки во третиот период. Французите потоа се одлепија резултатски во финишот, Партизан стигна до „минус два“ и имаше напад за израмнување, Карлик Џонс не беше прецизен, но што Де Коло погоди на спротивната страна и стави печат на големиот триумф на Асвел.

Маледон со 21 и Ловерњ со 17 поени беа најефикасни во таборот на Асвел, додека кај Партизан најдобар поединец беше Вашингтон со 22 поени, а разочара Карлик Џонс со 6 поени (3/11 шут од поле).

Ти-Џеј Шортс поради повреда не можеше да настапи за Париз на домашниот дуел со Реал Мадрид, а „кралевите“ знаеја како да го искористат тоа стигнувајќи до убедлива победа од 85-96.

Кампацо беше одличен во нападот на Реал со 19 поени, 17 постигна Хезоња, додека Тавареш оствари дабл-дабл од 10 поени и 14 кокови. Маодо Ло импресионираше со 30 поени за Париз, но и тоа беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат на оваа средба.

Фенербахче влегува во сериозна криза, турскиот гигант минатото коло загубисо 30 поени разлика дома од Монако, а вечерва беше демолиран и на гостувањето против Барселона со 90-63. Кевин Пантер ја предводеше Барса во овој убедлив триумф со 25 поени, 18 постигна Андерсон, додека единствен со двоцифрен ефект кај Фенербахче беше Колсон со 15 поени.

To top