Ненадејно почина професор д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје.
Професор Кожухаров за 11 дена ќе го славеше својот 64-ти роденден.
Простувајќи се од својот колега, професорите на универзитетот напишаа:
„Те чекавме на утринското кафе пред да почнеме со часовите и денот, а наместо тебе, ни пристигна жалната вест за твоето неочекувано заминување! Нѐ остави со голема празнина таму каде што беше ти, во нашите срца, во училниците на Универзитетот! Ќе го паметиме вчерашниот ден, 16 декември, во спомен на сите прекрасни денови и предизвици што ги поминавме заедно! Нека ти е светол патот во вечноста!“.
Д-р Кожухаров беше познат економист, доктор на финансиски, сметководствен и трошочен менаџмент, професор од областите на микро и мезоекономските дисцилини, работеше и на менаџирање на факултетските активности, научно-истражувачка работа, организација на научни конференции, автор на повеќе стручни дела.