Македонија Кој е Љупчо Палевски?

Палчо – Од лидер на политичка партија и водител на подкаст до осомничен за убиство

Македонската јавност вчера беше потресена од грозоморен чин, откако се дозна дека малата Вања Ѓорчевска по која се трагаше била брутално убиена од криминална банда, а исто така и исчезнатиот Панче од Велес.

Палчо – Од лидер на политичка партија и водител на подкаст до осомничен за убиство

Според информациите кои денеска беа соопштени на прес-конференција дел од осомничените признале вина, но еден од осомничените и главен осомничен и нарачател бил Љупчо Палевски, познат на целата јавност.

Кој е Љупчо Палевски-Палчо?

Поранешен функционер на СДСМ, наводно бизнисмен, а изминативе години основа своја партија и до неодамна имаше редовна емисија на порталот „Инфомакс“.

Палевски преку емисиите вршеше влијание врз јавното мислење, но пред се се претставуваше како голем патриот, како чесен човек кој им мисли добро на сите. Преку таквата слика која ја претставуваше за себе.

Претставувајќи се како таква личност Палевски наметнуваше политички ставови и се обидуваше да наметне политичко мислење кај македонската јавност, односно емисијата на порталот ја имаше за политички цели.

Но, подобро запознатите со ликот на Палевски познат како Палчо, знаат дека станува за човек кој бил дел од рекетарска банда, дека во повеќе наврати е поврзуван со криминали, приведуван и останати криминални дејствија.

Палевски не само што во Македонија имаше досие, познато е дека бил приведуван и во држави од соседството исто така за криминални дејствија. Еден од последните случаи беше „трагањето“ по злато каде полицијата го фати со пиштол кој го фрлил при бегството пред да го фатат.

Но и покрај тоа, нему му беше даден простор на медиум иако сите знаат за какво лице станува збор. И додека му се даваше медиумски простор за криминалец, тој таму беше претставуван како жртва.

И да биде поморбидно, на крајот Палевски е главен осомничен за убиство на мало дете пред кого треба да биде животот, а мотивот е изнуда на пари. А потврдата за тоа дојде и утрово од страна на МВР и Обвинителството кои потврдија дека токму тој Палевски е главниот осомничен за убиствата.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top