Македонија свечена церемонија

Свечено одбележување на 15-годишниот јубилеј на Школата за млади лидери на Претседателот Ѓорге Иванов

Во рамките на церемонијата се одбележа и 10 годишниот јубилеј на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC), кој 10 години е еден од ко-организаторите на школата, кој ја следи визијата за промовирање почит, толеранција и заедништво меѓу различните култури и општества, а пред се, улогата на младите во општеството.

Свечено одбележување на 15-годишниот јубилеј на Школата за млади лидери на Претседателот Ѓорге Иванов

На 13 декември 2024 година, со свечена церемонија беше одбележан значајниот 15-годишен јубилеј на Школата за млади лидери на Претседателот Ѓорге Иванов, славејќи го нејзиното трајно наследство во унапредувањето на лидерството, личниот развој и професионалните квалитети. Низ изминатите 15 години, во Школата учество зеле 588 млади лидери и 393 истакнати предавачи, меѓу кои претседатели на држави и влади, министри, академици, бизнис лидери, воени експерти, културни дејци и визионери од Македонија и целиот свет. Нивниот значаен придонес помогна во обликувањето на генерации на идни лидери кои продолжуваат да ја развиваат својата визија.

Катерина Антовска, Претседателка на Алумни асоцијацијата Иванов Школа за лидери – ИСЛАА, во своето обраќање ја истакна важноста на континуираната посветеност на алумните кои активно спроведуваат многубројни иницијативи, демонстрирајќи лидерство преку посветеност, залагање и ангажман во заедницата.

Во рамките на церемонијата се одбележа и 10 годишниот јубилеј на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC), кој 10 години е еден од ко-организаторите на школата, кој ја следи визијата за промовирање почит, толеранција и заедништво меѓу различните култури и општества, а пред се, улогата на младите во општеството.

Поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето обраќање се осврна на еволуцијата на Школата, од идеја до етаблиран столб на едукација, личен развој и професионална посветеност. Тој ја истакна мисијата на Школата: создавање генерации млади лидери со силни вредности, критичко размислување и решителност за соочување со современите глобални предизвици. Посочувајќи ја важноста на формалното и неформалното образование како клучни двигатели на општествениот напредок, Претседателот Иванов ја потврди својата верба во трансформативната моќ на знаењето и лидерството. Тој им оддаде признание на стотиците учесници кои станаа лидери, иноватори и застапници на позитивни промени, во своите области на дејствување во Македонија и ширум светот.

Настанот беше збогатен со пораки од светски лидери во краткиот документарец, како и порака испратена од поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации, Неговата Екселенција Бан Ки-мун.
Во знак на признание за нивната непроценлива поддршка, долгогодинешните партнери и спонзори добија специјални признанија за нивниот значаен придонес кон успехот на Школата, како што се: Турската агенција за соработка и координација (ТИКА); Хотел Инекс Олгица Охрид; Хотел DoubleTree by Hilton Скопје; Алкалоид АД Скопје; ТАВ Македонија ДООЕЛ; А1 Македонија; Делфино Сикст Рент-а-кар; Витаминка АД Прилеп; Пивара Скопје АД; Туркиш Ерлајнс Скопје; Халкбанка АД Скопје; ЕВН Македонија; Комфи Ангел; Петрол Оил Брокер АД Скопје; Езимит Компани; Мотива; Authentic Development DOO; Болд ДМС; Обединета Македонска дијаспора. Претседателот Иванов, исто така, се заблагодари на соработката со државните институции и особено на Службата за општи и заеднички работи. Изразуваме искрена благодарност до сите кои одиграа клучна улога во создавањето и развојот на оваа иницијатива. Додека со гордост се навраќаме на изминатите 15 години, со визија и ентузијазам ја продолжуваме нашата мисија – создавање лидери подготвени да се соочат со глобалните предизвици на сегашноста и иднината.

Најнови вести од Македонија

To top