Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска истакна дека пратеник на ЕУ за Сирија ќе оди во Дамаск за да разговара со новото раководство предводено од исламистите, додека западните сили го засилија ангажманот по соборувањето на Башар ал Асад.
„Нашиот врвен дипломат во Сирија денеска ќе замине во Дамаск. Таму ќе имаме контакти“, им рече Калас на новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Таа рече дека ЕУ сака Сирија да биде мирна и слободна земја. (МИА)