Овие сертификати следат затоа што Дејан позади себе има огромни резултати.
Оваа цела година во континуитет бев навистина фокусиран да го дадам максимумот и да направам големи спортски резултати. Покрај тоа успеав да бидам присутен и на сите поголеми интернационали натпреварувања во САД и на светското карате натпреварување во Будимпешта, вели Милошевски.
-Немам зборови со кој би можел да ја искажам мојата благодарност до нашиот конзулат во Чикаго, што го препознаа мојот труд и континуираните успеси на моите ученици во клубот. Како македонски карате амбасадор ќе продолжам да ја претставувам Македонија гордо во најдобро светло секаде и секогаш. Благодарност до Карате Федерација на Македонија за континуираната подршка и секако до мојата фамилија и мојот тим, додава Милошевски.