Жоао Феликс беше во центарот на вниманието во најавата за големото дерби на „Монжуик“, а судбината посака токму тој да го реши натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид кој се играше во Каталонија.
Португалскиот репрезентативец настапува за Барса како позајмен фудбалер од Атлетико, но сепак немаше проблем еуфорично да го слави погодокот и по триумфот имаше едноставно објаснување за својата искрена реакција.
– Прославата беше спонтана, немав ништо подготвено. Се се случува во жар на натпреварот. Прославата ја доживеав како олеснување за сето она што ми се случи изминатово лето.
– Најблиските луѓе до мене добро знаеја низ што минав и оваа прослава најмногу беше за нив, – изјави Жоао Феликс, кој на новинарите им призна дека не остварил контакт со Чоло Симеоне.
– Не се сретнав со него и немавме можност да си размениме зборови, – одговори Португалецот.